ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА НА
Авто Мото Сојузот на Македонија  

Што се колачиња?
Колачињата се мали текстуални датотеки што веб страницата која ја посетувате ги поставува на вашиот компјутер или мобилен уред заради чување на информации за вашата посета. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите истата веб страница. Колачињата се „пасивни“ бидејќи содржат информации кои вашиот пребарувач може да ги поврати, но не содржат програми, вируси или малициозен софтвер.

Колачињата обично истекуваат по одреден временски период, кој може да биде во траење од неколку минути до повеќе од една година. Постојат разни видови колачиња и тие обично се сортираат според времетраењето,доменот на кој припаѓаат и намената (целта)

Колачињата според времетраењето може да се поделат во две категории: „за време на
сесијата“ и „трајни (упорни)“.
· Колачињата за време на сесијата се привремени и се бришат кога ќе го
затворите пребарувачот или по одреден период на неактивност.
· Трајните колачиња остануваат на вашиот компјутер до датумот на
истекување/времето утврдено од креаторот на колачињата.
· Колачињата според доменот на кој припаѓаат, се поделени на:
· Колачиња кои се поставени од сопственикот на доменот што се посетува, односно Авто Мото Сојузот на Македонија

и
· Kолачиња кои се поставени од трети страни, од друг домен освен оној што го посетил корисникот.

Повеќе информации за видот на колачињата што ги поставува Авто Мото Сојузот на Македонија  според намената (целта) може да прочитате во делот Колачињата што ги поставуваме.

Што прават колачињата?
Колачињата можат да содржат многу видови информации за вашата посета на одредена веб страница, но најчесто се користат за чување на избраните преференции, како што се јазик, големина на фонт, содржина на кошничката, поставки за приватноста и состојба на најавување. Колачињата не содржат лични или приватни податоци за вас, но можат да соберат информации за вашите навики на пребарување. Во најголем дел, колачињата го подобруваат вашето корисничко искуство со пребарувањето со тоа што спречуваат постојано да ја одбирате истата опција секогаш кога посетувате некоја страница. Меѓутоа, веб страниците исто така користат колачиња кои служат за рекламирање согласно Вашите интереси врз основа на избраните преференции или содржината на страниците што сте ги посетиле. Од овие причини, некои веб корисници ги бришат или одбиваат одредени типови на колачиња, односно колачиња од одредени страници.

Дали можам да ги избришам колачињата?
Да, можете да ги прегледате колачињата зачувани на вашиот компјутер и да ги избришете некои или сите. Сепак, секој пребарувач има различна постапка за таа цел.
Имајте предвид дека во некои случаи, бришењето на колачиња ќе влијае на вашето корисничко искуство при повторна посета на некоја страница. На пример, можеби ќе бидете принудени повторно да се најавите, или предметите додадени во вашата кошничка ќе исчезнат.

Може ли да го поставам пребарувачот да ги блокира колачињата?
Да, повеќето пребарувачи ви дозволуваат да наведете кои видови колачиња ги прифаќате или ќе ги одбиете сите колачиња. Бидејќи секој пребарувач е различен, еве
неколку од најчестите:
· Google Chrome
· Microsoft Edge
· Mozilla Firefox
· Microsoft Internet Explorer
· Opera
· Apple Safari

Да го оневозможите следењето од Google Analytics на сите веб страници, посетете
ја https://tools.google.com/dlpage/gaoptout.

При посета на некои страници може да видите порака за предупредување која Ви препорачува да ги прифатите колачињата заради оптимално искуство со пребарувањето.

Како ги користиме колачињата?
Ние ги користиме колачињата на различни начини со цел да го подобриме вашето корисничко искуство на нашата страница, деталите се наведени подолу.

Колачињата што ги поставуваме

Неопходни
Непоходните колачиња ја прават страницата употреблива, односно овозможуваат основни функции, како што се навигација на страницата и пристап до заштитените подрачја. Авто Мото Сојузот на Македонија  користи колачиња кои се неопходни за правилно функционирање на нашата веб-страница за да овозможат одредени
технички функции и за да обезбедат позитивно корисничко искуство.

Статистички
Статистичките колачиња со анонимно собирање и испраќање на податоци им помагаат на сопствениците на сајтовите да разберат како посетителите комуницираат со страната. Ова се колачиња кои овозможуваат Авто Мото Сојузот на Македонија  да прави веб анализи, т.е. анализа на користењето на нашата страна и мерење напосетеноста, која Авто Мото Сојузот на Македонија   ја применува за подобрување на квалитетот и содржината на понудените услуги.

Маркетинг
Маркетинг колачињата се користат за следење на посетителите преку веб страниците. Тие се користат за прикажување на соодветни реклами за корисниците и нивно поттикнување да учествуваат, што е важно за издавачите и за рекламирањето на трети лица.

Колачиња кои се користат од страна на Авто Мото Сојузот на Македонија се:

  • Google analytics
  • Google tag manager
  • Cookie consent