Нашите патишта стануваат
понебезбедни кога ризикуваме.
Некои луѓе преземаат очигледни ризици, како возење под дејство на алкохол. Повеќе луѓе преземаат ризици за кои мислат дека се прифатливи, како гледање и користење мобилен телефон.
Меѓународни експерти за безбедност на патиштата беа прашани за осум ризични однесувања при возење и колку тие ја зголемуваат можноста за сообраќајна несреќа. Нивните одговори може да ве изненадат.
За кој од овие ризици мислите дека е поверојатно да предизвика несреќа?
Центарот за истражување на несреќи и безбедност на патиштата – Квинсленд (CARRS-Q) на Технолошкиот универзитет во Квинсленд во Бризбејн, Австралија, беше ангажиран да анкетира 32 меѓународни експерта за безбедност на патиштата од 13 земји. Повеќето од експертите работат во универзитети, државен и јавен сектор и непрофитен сектор. Нивната експертиза ги опфаќа областите на патниот транспорт и безбедноста на патиштата, човечкиот фактор и ергономијата, како и возењето со нарушено внимание од мобилни телефони.
Меѓу другото, од овие експерти беше побарано да го проценат ризикот од сообраќајна несреќа како резултат на осум различни ризични однесувања на возење кај младите возачи-почетници. Тие дадоа свое мислења за веројатноста младите возачи-почетници да доживеат сообраќајна несреќа како резултат на осум различни ризични однесувања во возењето (за разлика од возач што не се однесува така). За секое специфично однесување експертите го рангираа ризикот меѓу 1 (без ризик) и 5 (пет или повеќе пати поголем ризик). Потоа од нивните одговори е изваден просек за да се добие конечен вкупен ризик.
Погледнете повеќе детали за Истражувачкиот центар за знаење.